Top Sport

Салах во пенал-серијата донесе четврт-финале на Египет

Египет е седмиот четврт-финалист на Африканскиот куп на нации, откако нивната прва ѕвезда Мохамед Салах остана смирен при одлучувачкиот пенал за победа над Брегот на Слоновата Коска со 5:4 на пенали, откако по 120 минути немаше голови меѓу двата големи фаворити за титулата на шампионатот во Камерун.

Во мечот на репрезентации со доста ѕвезди кои играат по европските клубови, двете репрезентации се мачеа со шансите пред голот, така што по 90 минути и двете продолженија победникот мораше да го одлучува пенал-серијата.

Трагичар на мечот беше дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Ерик Баји, кој го утна својот пенал во третата серија, по што сите беа прецизни, вклучувајќи го и Салах во последниот обид.

Во четврт-финалето, „фараоните“ ќе играат против Мароко, кои вчера ги елиминираа Малави со тешка 2:1 победа. Во осминафиналето останува уште вечерашниот меч меѓу Мали и Екваторска Гвинеја – победникот од тој меч оди на уште еден фаворит во натпреварувањето, Сенегал.

Пенал серијата можете да ја погледнете ТУКА.

Scroll to Top