Мохамед Салах, оваа сезона еден од најдобрите фудбалери во светот, пристигнал во Валенсија, каде ќе го започне процесот на рехабилитација, од повредата, со која се здоби во финалето против Реал, во Лигата на шампионите. Првичните прогнози на лекарите се дека Салах мора да паузира три до четири недели.
Салах, по претходен договор со челниците на Фудбалскиот сојуз на Египет, во придружба на лекарскиот тим на Ливерпул, пристигнал во Валенсија, каде треба да мине интензивен процес на рехабилитација на повреденото рамо.
Најдобриот играч и стрелец оваа сезона во Премиер лигата на Англија, се надева дека третманите во Валенсија ќе му овозможат да биде подготвен за првиот натпревар кој Египет ќе го одигра на 15.јуни против Уругвај, на Светското првенство во Русија.
За потсетување, стрелецот на 44 гола за Ливерпул оваа сезона, се повреди по дуелот со Серхио Рамос во 26.минута од финалниот меч. Четири минути подоцна напаѓачот го напушти теренот. Без него и благодарение на грешките на голманот Кариус, Реал со 3:1 го победи Ливерпул во финалето.