Top Sport

Салах за договорот со Ливерпул: Не се работи само за парите

Египетскиот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах вели дека одлуката за потпишување на нов договор со клубот од „Енфилд“ не е „само поради парите“ и додава дека не знае дали ќе може а се најде заеднички јазик.

Во интервју за магазинот „Фор фор ту“, Салах, кој има договор со „црвените“ до јуни 2023, вели дека сигурно останува следната сезона без разлика на тоа како ќе завршат преговорите.

„Не знам, имам уште една година од договорот. Мислам дека фановите знаат што сакам, но во договорот не се сите работи околу парите. Затоа не знам да ви кажам точно. Имам уште една година“, вели Салах.

29-годишниот Салах стана еден од клучните играчи во тимот на Јирген Клоп последните години, и шпекулациите велат дека проблем е неговата возраст и должината на следниот договор.

„Не размислувам дека ќе наполнам 30 години. Некои фудбалери велат дека имале поинакво чувство кога наполниле 30 години, но јас се чувствувам добро, уживам во животот и во фудбалот. Сега можете да погледнете дека многу фудбалери имаат долги кариери и тоа на врвот – Левандовски, Бензема, Меси, Ронало, Златан, Един Џеко во Италија, Оливие Жиру. Сите се на врвот и покрј годините“, додава Салах.

Scroll to Top