Top Sport

Салцбург вечерва ќе биде „звездашки“ град (видео)

По првиот пласман на Црвена звезда во Лигата на шампионите, на стадионот „Ред бул арена“ во Салцбург имаше неверојатни сцени.

Откако десетина илјади навивачи пристигнаа во Австрија (а дел беа и од таму), по крајот на натпреварот имаше апсолутно неверојатни сцени на теренот, кога дел од навивачите успеаја да излезат на теренот и да прослават со фудбалерите.

Дел од фудбалерите, како Немања Радоњиќ (кому ова најверојатно му беше последен меч за Звезда), останаа без опремата.

Инаку популарните „Делии“ и претходно направија шоу во Салцбург, така што во текот на вечерта (која ќе биде долга и непријатна за навивачите на домашниот тим), сигурно ќе има многу славје и алкохол…

Scroll to Top