Top Sport

Салернитана го исфрустрира Милан на „Сан Сиро“

Милан продолжува со потпросечните мечеви во италијанската Серија А, одигрувајќи само 1:1 со Салернитана во последниот меч од 26. коло во италијанскиот шампионат. Со ремито, „росонерите“ пропуштија шанса да се искачат на второто место на табелата.

Гостите беа тежок противник и во првото полувреме, пред во 45. минута, Оливие Жиру да се најде на вистинското место и да донесе предност за домаќините. Меѓутоа, во 61. минута, Булаје Диа постигна гол за израмнување, по што Милан постојано беше во напад на голот на легендарниот мексикански голман Гијермо Очоа, но не успеаја да стигнат до гол.

Најблиску беа до 71. минута од мечот, кога прво беше досуден пенал по фаулот на Доминик Брдариќ над Исмаел Бенасер, но по прегледувањето на ВАР снимките, оваа одлука беше отфрлена.

Scroll to Top