Салернитана, клубот кој лани немаше победа во Серија А до крајот на декември, за потоа неверојатно да опстане во лигата, овојпат запиша победа веќе во август, декласирајќи ја Сампдорија со 4:0, додека Аталанта се израмни со првопласираните тимови во Италија, стигнувајќи до тешка 0:1 победа на гости кај Верона.
Булаје Диа ги донесе Салернитана во водство уште во седмата минута, за во 14. минута Федерико Бонацоли да го удвои водството. Тони Вилхена зголеми на 3:0 во 50. минута од мечот, за замената Ерик Ботхајм во 76. минута да стави точка на мечот.
Во Верона пак, Холанѓанецот Теун Копемајнс им донесе три поени на Аталанта со гол во 50. минута од мечот.
Standings provided by SofaScore LiveScore