Фудбалерот на Арсенал, Вилијам Салиба, потпиша нов повеќегодишен договор, објави лондонскиот клуб.
Арсенал не ги прецизираше деталите од договорот, а британските медиуми објавија дека станува збор за петгодишен договор и дека 24-годишниот француски фудбалер ќе остане во клубот до летото 2030 година.
„Се чувствувам како дома. Имаме добар тим, имаме добар тим, имаме добар тренерски персонал. Тренерот е совршен за мене, па затоа ова е најдоброто место за мене. Уживам во секој ден кога имам можност да го носам овој дрес. Се обидувам да дадам сè, а сега ќе дадам уште повеќе за овој клуб и за навивачите“, рече Салиба за веб-страницата на клубот.
Тој влезе во последните две години од договорот, но сега ќе остане на „Емирати“ долгорочно.
Салиба се приклучи на Арсенал во 2019 година од Сент Етјен и одигра 140 натпревари за англискиот клуб, постигнувајќи седум гола и освојувајќи два трофеи од Комјунити Шилд.
Тој се етаблираше како еден од најдобрите централни бекови во Премиер лигата, ги одигра сите 38 натпревари во сезоната 2023/2024, а пропушти само три минатата сезона.
Foto/ EPA