Дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба, кој игра како позајмен фудбалер во францускиот клуб Ница, е под истрага на Француската фудбалска федерација (ФФФ), откако на Снепчет се појави видео во кое тој снима неидентификуван соиграч како мастурбира.
На видеото, за кое француските медиуми тврдат дека е старо три години, се гледа насмеаниот Салиба во тренерка на француската репрезентација, пред да се сврти камерата и до него да биде голиот соиграч кој гледа видео и мастурбира. Видеото беше објавено, па избришано од акаунтот на 19-годишниот Французин.
Според „РМЦ спорт“, француската федерација поставила дисциплинска комисија поради тоа што видеото е „штетно кон угледот на федерацијата и на францускиот фудбал“.
Тинејџерот пристигна во Арсенал за 27 милиони фунти од Сент-Етјен, но немаше ниту еден настап за сениорскиот тим, пред да биде пратен на позајмица во Ница. Иронично, тој неколку часа пред да го објави видеото сметаше дека Арсенал и менаџерот Микел Артета се однесуваат нефер кон него.
La FFF a décidé de saisir sa commission fédérale de discipline concernant la vidéo impliquant William Saliba ayant fuité cette nuit.
La FFF juge la vidéo nuisible à l’image de la fédération et du football.
(RMC Sport)
? https://t.co/ByJu8kgdGS pic.twitter.com/BtkaRFpNwC— Actu Foot (@ActuFoot_) February 9, 2021