Top Sport

Салихамиџиќ: Баерн заврши со трошење големи пари

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ вели дека германските шампиони ќе продолжат да го „следат“ пазарот на играчи ова лето, но дека е тешко да се верува дека ќе има трошење на големи пари.

Баерн ги донесоа на „Алијанц арената“ Дајот Умапекано и Омар Ричардс, двајца дефанзивни фудбалери, откако претходно се збогуваа со Давид Алаба и Хави Мартинез. Салихамиџиќ вели дека тие имаат одличен состав кој може да се развива под новиот тренер, Јулијан Нагелсман.

„Прво, имаме фантастичен тим на играчи со огромен потенцијал, кој ќе продолжи да се развива. Имаме добри играчи на сите позиции, а оваа година предвреме ја завршивме работата со Дајот и Омар во одбраната. Ќе го следиме пазарот до крајот, но имаме јасни финансиски граници поради корона вирусот и нема да ги надминеме“, вели Салихамиџиќ.

Тој додава дека најголемата промена кај Баварците ова лето е доаѓањето на 33-годишниот Нагелсман на местото на Ханси Флик.

„Во Јулијан имаме млад и иновативен тренер. Тој е тренер кој беше посакуван од многу европски тимови и среќни сме што посака да работи со нас“, додава Салихамиџиќ.

Scroll to Top