Top Sport

Лудило кај фановите на „волчицата“ – Мурињо слета во Рим!

Стотина фанови на Рома го пречекаа новиот тренер на тимот, Жозе Мурињо на стадионот во Рим денеска, откако „Специјалниот“ пристигна за да почне со одработување на својот тригодишен договор со клубот пред стартот на пред-сезоната на 6 јули.

Мурињо пристигна на „Чампино“ аеродромот во 14.30 часот по локално време, каде што беше пречекан од 500 фанови, откако според „Скај спорт Италија“, во авионот тој пристигна со газдата на клубот, Американецот Ден Фридкин.

По ова тој се упати во Тригорија, каде што ќе го помине потребниот карантин од пет дена пред да почне со работата со тимот. Самиот Мурињо се заблагодари на фановите преку својот Инстаграм профил на италијански јазик.

Scroll to Top