Top Sport

Салихамиџиќ: Не го продаваме Милер

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, ги демантирал шпекулациите дека клубот во јануарскиот преоден рок ќе го продаде Томас Милер.

Германските медиуми изминатите две недели пишуваат дека неколку клубови биле сериозно заинтересирани за Милер, најмногу Манчестер Јунајтед кои понудиле 46 милиони евра за неговиот трансфер.

„Вие новинарите сакате да пишувате вакви приказни. Имаме двајца фудбалери кои неколку месеци не се во тимот поради повреди, а вие ни сугерирате да продадеме фудбалер. Нема причина да направиме нешто такво“, рекол Салихамиџиќ.

Милер рекол дека воопшто не го интересираат таквите новинарски приказни.

„Се обидувам да бидам концентриран само на фудбалот. Како одминува времето и приказните ќе престанат“, изјавил искусниот напаѓач.

Scroll to Top