Директорот на Баерн Минхен, Хасан „Брацо“ Салихамиџиќ пристигна во Торино за преговори со Јувентус околу трансферот на Матијс де Лихт, откако Холанѓанецот го преферира германскиот гигант и покрај интересот на Челси и Манчестер сити.
Салихамиџиќ, кој е поранешен фудбалер на Јувентус и играше во Серија А од 2007 до 2011 година, беше пречекан од новинари на аеродромот Каселе покрај Торино, на кои им одговори дека „ќе видат“ дали ќе има договор.
Според италијанските медиуми, Баерн веќе се договориле за личните услови со Де Лихт, но имаат проблем со сумата од 115 милиони евра која ја бара Јувентус. Во договорот на Де Лихт има клаузула за отпуст од 120 милиони евра, а ова лето за него се зантересирани и повеќе премиерлигашки клубови, како Челси и двата клуба од Манчестер.
Il direttore sportivo del #Bayern, Hasan #Salihamidzic, a Torino per incontrare la #Juventus: entra nel vivo la trattativa per #DeLigt. C'è fiducia? "Vediamo" ? #calciomercato pic.twitter.com/F8KMIya2H3
— Giovanni Albanese (@GiovaAlbanese) July 11, 2022