Top Sport

Салцбург постави рекорд во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Салцбург го направија најголемото изненадување во првото коло од Лигата на шампионите совладувајќи ја Бенфика на гости (0:2) и поставија нов рекорд во елитното натпреварувањ.

Австрискиот претставник на теренот влезе со стартна постава чија просечна возраст беше само 21,5 години.

Тоа се најмладите стартни 11 кои славеа во елитното натпреварување, а тоа што го направија на „Ла Луз“, го прави нивниот успех уште поголем.

Само двајца во првиот тим беа постари од 22 години, голманот Александар Шлагер (27) и левиот бек, Алекса Терзиќ (24).

Scroll to Top