Top Sport

Самарџиќ доаѓа на местото на Елмас во Наполи

Фудбалскиот клуб Наполи го обнови интересот за српскиот репрезентативец од Удинезе, Лазар Самарџиќ, пренесува Калчомеркато.

Наполи се активира на трансфер пазарот за да ја пополни дупката во ростерот која настана со заминувањето на Елиф Елмас во Лајпциг.

На Самарџиќ во летниот преоден рок му пропадна договорениот трансфер во Интер. Калчомеркато тврди дека интерес за фудбалерот покажува и Јувентус, но дека Самарџиќ е поблиску до преселба во Неапол.

Самарџиќ оваа сезона одигра 16 натпревари во Серија А каде постигна два гола и имаше две асистенции. Еден од тие два гола постигна токму против Наполи.

Моменталната пазарна вредност на српскиот репрезентативец е околу 20 милиони евра.

Покрај Самарџиќ, Наполи во зимскиот преоден рок ќе се обиде да донесе и дефанзивен играч во редот за врска. Според Калчомеркато, главни цели се Бубакари Сумаре од Лестер и Пјер-Емил Хојберг од Тотенхем.

Scroll to Top