Сами Кедира, поранешен играч на Штугарт, Реал и Јувентус во кариерата која ја заврши во 2021 година ги освои сите важни трофеи. Беше европски првак со Реал, светски шампион во 2014 година со репрезентацијата на Германија. Постигна гол во полуфиналето кога Германија го декласира Бразил со 7:1.
Кедира работи како стручен коментатор и се школува за да добие лиценца за спортски директор. Во интервју за „Марка“, проговори за неодамнешната церемонија во Париз, кога на изненадување на погоелмиот дел од јавноста, престжната „Златна топка“ му припадна на Родри, а не на фаворизираниот Винисиус Жуниор.
„Бев играч од средниот ред и ми се допаѓа како игра Родри. Кога ќе видите како Сити игра без него, сфаќате колку е важен. Го гледав на ЕП, тој е командант на теренот. Ќе ги постави играчите на теренот и потоа ги разигрува. Тој е неверојатен. Винисиус исто така ја заслужува „Златната топка“. Тој го менува текот на играта. Кога Реал не знае што да прави, му ја дава топката на Винисиус. Но, имам забележка на неговото однесување… Се чини дека е полн со гнев. Таков беше Кристијано Роналдо кога беше млад, но брзо се промени. Ако Винисиус сака да биде како Меси, Зидан, Кристијано или Чави, треба да покаже малку повеќе почит кон противниците, судиите… Тоа мора да го смени. Тој е број еден во фудбалот, ако малку го промени однесувањето и стане џентлмен, ќе освои три или четири „Златни топки“.