Top Sport

Само Атлетико е во фокусот на Хулијан Алварез

Хулијан Алварез е голема желба на Барселона, но Аргентинецот воопшто не размислува за гласините за неговиот трансфер.

Додека цела Европа зборува за него откако блесна против Реал Мадрид и во Лигата на шампионите против Ајнтрахт, Аргентинецот е смирен и фокусиран само на својот тим и теренот.

„Јас сум целосно смирен. Секогаш ќе има шпекулации, имаше и минатата сезона. Сепак, сезоната штотуку започна и јас сум фокусиран само на мојот напредок, да му помогнам на мојот тим во борбата за освојување трофеи. Тоа е единственото нешто за кое размислувам и не ме интересира што пишуваат на социјалните мрежи“, рече Алварез.

„Мојот фокус е само Атлетико Мадрид и Светското првенство следното лето“, додаде Алварез.

Да ве потсетиме дека Алварез е најголемата желба на Џоан Лапорта пред претседателските избори наредното лето.

„Знам дека Хулијан е навивач на Барселона и порано или подоцна ќе заврши во Каталонија“, рече тој.

Реалноста е сепак поинаква, Барселона се уште има проблеми со финансискиот фер-плеј, евентуалниот трансфер на Алварез би изнесувал, според некои медиуми 200 милиони евра.

Од оваа перспектива Барселона тешко дека може да си го дозволи ова, плус Алварез има договор со Атлетико до 2030 година и клаузула за откуп од 500 милиони евра.

Foto/ EPA

Scroll to Top