Top Sport

Само еден новинар не гласал за Меси или Халанд за „Златната топка“

Лионел ;еси во понеделникот ја освои својата осма Златна топка, а сега се објавени и резултатите од гласањето. Меси доби 462 бода, 105 повеќе од второпласираниот Ерлинг Халанд. Килијан Мбапе заврши на третото место со 270 поени.

Во гласањето за Златната топка учествува по еден новинар од 100-те најдобро рангирани земји според рангирањето на ФИФА, но не мора да учествуваат сите, па така годинава жирито имаше 92 члена. Секој новинар избира пет играчи кои мора да ги пласираат од првото до петтото место. Првиот избор добива шест поени, вториот четири, третиот три, четвртиот два, а петтиот еден поен.

Интересно, само новинар од една земја не гласал ниту за Меси, ниту за Халанд. Камерунскиот репрезентативец Емануел Густав Самник смета дека минатата сезона најдобри биле Мбапе, Кевин Де Брујн, Родри, Андре Онана и Бернардо Силва.

Од вкупно 92 члена на новинарското жири, 65 од нив го прогласија Меси за број еден. Халанд доби 21 прво место, Мбапе беше најдобар за пет новинари, а португалскиот новинар за најдобар гласаше за својот сонародник Бернардо Силва.

Scroll to Top