Тренерот на Баерн Минхен Ханс-Дитер Флик ја продолжи триумфалната серија. Од моментот кога го презеде славниот клуб Флик во Бундеслигата забележал 15 победи на 18 натпревари.
Во историјата на најтрофејниот германски клуб само Пеп Гвардиола има подобар скор од Флик во првите 18 натпревари. Во сезоната 2013/2014 во првите 18 натпревари на клупата на Баерн Гвардиола забележал 16 победи.
Флик (55) стана тренер на Баерн во ноември минатата година кога го наследи Нико Ковач.
15/18 – Hansi #Flick gewann 15 seiner ersten 18 Spiele als @FCBayern-Trainer in der #Bundesliga, das schaffte sonst nur #Pep Guardiola. Entscheidung? #BVBFCB pic.twitter.com/T1PiN49tFW
— OptaFranz (@OptaFranz) May 26, 2020
На почетокот сите веруваа дека тој ќе биде само привремено решени за тренерската позиција, меѓутоа резултатите што ги постигнува тимот сигурно ќе му обезбедат постојан договор.
Баерн со една нога се во четврт-финалето во Лигата на шампионите бидејќи пред реваншот со Челси на домашен терен имаат предност од 3:0.
Синоќа Баерн победи во Дортмунд со 1:0 и ја зголеми предноста во однос на ривалот на седум поени.