Top Sport

Само Матиќ и Лукаку сакале Мурињо да остане

Жозе Мурињо од вчера повеќе не е тренер на Манчестер Јунајтед, а како што пишува „Мирор“, играчите барале тој да добие отказ. Португалецот две и пол години се задржа на функцијата, на која го наследи Оле Гунар Солкјер.

Манчестер Јунајтед со Мурињо, сезонава ги бележи најлошите резултати во првенството, по 17 одиграни натпревари, уште од сезоната 1990/1991.

Поради лошите резултати и генерално лошата атмосфера во тимот, клупскиот потпретседател Ед Вудворд, организирал таен состанок со фудбалерите, по кој клубот ја одредил судбината на тренерот.

„Мирор“ пишува дека само двајца застанале на страната на Португалецот, Србинот Немања Матиќ и Белгиецот Ромелу Лукаку.

Наводно, по гласањето, играчите славеле, а најгласен бил Пол Погба, со кого Мурињо немаше добри односни.

„Никој не сака некој да добие отказ, но на тренингот ситуацијата беше поинаква, владееше поинаква атмосфера. Играчите се смееја, делуваа среќно. За еден ден атмосферата во соблекувалната се смени“, пишува „Мирор“.

Scroll to Top