Top Sport

Нова победа на Штухец

Илка Штухец победи на трката во супервелеслалом што денес се одржа во Вал Гардена. Штухец трката ја заврши со време 1:31.87 минути. Репрезентативката на Словенија во целта имаше подобар резултат од конкурентките од Лихтенштајн, односно Австрија за само пет стотинки.

Штухец, во Вал Гардена ја забележа третата победа во супервелеслалом, во кариерата. Зад неа со минимално заостанување се пласираа Тина Вајрајтер и Никол Шидхофер.

Ианку, Штухец, во италијанскиот ски-центар, оствари двојна победа, бидејќи вчера бее најбрза во спуст трката.

Во вкупниот пласман во оваа дисциплина води Микаела Шифрин, која не настапи на трките во Вал Гардена.

Scroll to Top