Лошата форма на напаѓачите Кристијано Роналдо и Карим Бензема е веројатно најголемата причина за бодовната разлика што Барселона ја има во однос на „кралскиот клуб“ по 12 натпревари во Ла Лига.
Португалецот и Французинот во 12 натпревари во шпанското првенство имаат постигнато само два гола и се еден од најлошите напаѓачки тандеми во Европа.
Од 98 клуба во Ла Лига, Лига 1, Бундеслигата, Премиер лигата и Серија А, само напаѓачкиот тандем на Беневенто има полош учинок од Роналдо и Бензема.
Беневенто е последнопласиран во Серија и во 13 натпревари нема освоено ниту еден бод.
Роналдо и Бензема досега имаат постигнато по еден гол, двајцата погодија на натпреварот со Хетафе, што ги прави најлошиот напаѓачки тандем во историјата на клубот. Интересно, овие двајца го држат и рекордот според постигнати голови во првите 12 натпревари. Пред три години во воведните 12 кола тие постигнаа 27 гола.
Реал ова лето им дозволи на Алваро Мората и Маријано Дијаз да го напуштат клубот. Овие двајца за Челси, односно Олимпик Лион, имаат постигнато 17 гола.