Top Sport

Реал го сака Алексис Санчез во јануари

Реал Мадрид се вклучи во трката, во која се Манчестер сити и ПСЖ, за добивање на потписот на Чилеанецот од Арсенал, Алексис Санчез.

Шпанскиот весник „Дон Балон“ тврди дека претседателот на клубот, Флорентино Перез, не сака да го чека крајот на сезоната кога Санчез ќе биде слободен играч, туку е подготвен да му понуди на Арсенал 30 милиони евра и да го донесе напаѓачот на „Сантијаго Бернабеу“ уште во јануарскиот преоден рок.

Реал очајнички бара засилување во нападот откако првите две опции, Кристијано Роналдо и Карим Бензема, се далеку од вистинската форма, а третата опција, Герет Бејл, има сериозни проблеми со повредите.

Чилеанецот пред три години настапуваше во редовите на најголемиот ривал на Реал, Барселона (2010-2014), и доколку се врати во Шпанија, ќе стане е еден од ретките фудбалери што играл за двата тима.

Пред него тоа го направиле Луис Енрике, Михаел Лаудруп, Роберт Просинечки, Самјуел Ето, Георге Хаџи, Роналдо, Луис Фиго…

Scroll to Top