Top Sport

Само Наполи сезонава го поразиле Ливерпул

Наполи е единствениот тим од почетокот на сезоната што успеал да го победи европскиот првак Ливерпул. Исто така покрај Манчестер Јунајтед, Наполи е единствениот тим што усеал да одигра нерешено со „црвените“.

На почетокот на натпреварите во Лигата на шампионите Наполи како домаќини го победија Ливерпул со 2:1, а во средата на „Енфилд“ одиграа 1:1. Ливерпул од можните шест бода во дуелите со Наполи освоија само еден поени.
Тоа е причината што бранителите на трофејот се уште го немаат обезбедено пласманот во осмина-финалето.

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, во интервју за „Скај Спорт Италија“, открил како на неговиот тим му успеало да остане непоразен.

„Сменивме играчи, но не ја сменивме базата. Ди Лоренцо во Ливерпул играше широко по десната страна кога ние ја имавме топката, а кога се браневме во формација 4-4-2 се враќаше и беше вториот одбранбен фудбалер. Ливерпул има неверојатен квалитет, но многу лесно се контролира нивната игра кога ќе им го скратите просторот“, рекол Анчелоти.

Наполи во последното коло во групата ќе го пречека Генк. Со бод од тој меч тие ќе се пласираат во наредната фаза.

Scroll to Top