Top Sport

„Додека може да оди Надал ќе биде фаворит на Ролан Гарос“

Пол Анакон, поранешниот тренер на Роџер Федерер, вели дека би бил шокиран доколку наредната година Рафаел Надал не освои барем еден Грен-слем турнир.

„Не гледам како може да не го направи тоа. Се додека може да оди Рафа ќе биде фаворит на Ролан Гарос“, рекол Анакин за „Њујорк Тајмс“.

Анакон соработуваше со Федерер на почетокот на оваа деценија кога Швајцарецот успеа да се врати на првото место на АТП листата.

„Надал продолжува да импресионира. Мислам дека клучна работа е неговата едноставност. Знае кои работи не може да ги контролира, а кои може. Мислам дека тоа му има помогнато многу во кариерата“.

Надал годината, петти пат во кариерата, ја заврши на првото место на АТП лисатата. Круна на добрата сезона беше освојувањето на Девис купот со репрезентацијата на Шпанија.

Scroll to Top