Top Sport

Само Пеле е пред Нејмар

Нејмар со хет-трки го предводеше Бразил до победа над Перу (4:2) и стана вто најдобар стрелец во историјата на бразилската фудбалска репрезентација.

Најскапиот светски фудбалер два гола постигна од пенал, еден од игра во 93 минута со што дојде до 64 гола во репрезентативниот дрес. На вечната листа тој го престигна Роналдо (62 гола).

Пред ѕвездата на ПСЖ сега е само легендарниот Пеле кој во кариерата одиграл 92 натпревари и постигнал 77 голови за Бразил.

Scroll to Top