Top Sport

Само ПСЖ може да одбие 200 милиони! Реал Мадрид се повлече од преговорите за Мбапе

Понудата на Реал Мадрид за купување на Килијан Мбапе од Пари Сен-Жермен во летниот преоден рок е повлечена, откако францускиот клуб одби да преговара, покрај шпекулациите за кревање на понудата на 200 милиони евра, јавуваат француските медиуми.

По ваков крај на сагата која трае подолго време, Мбапе ќе остане во ПСЖ до крајот на неговиот договор следното лето. Францускиот клуб ќе се обиде да го убеди да потпише нов договор, додека Реал Мадрид веќе во јануари ќе можат да почнат да преговараат за личните услови пред слободниот трансфер на лето.

Според италијанскиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо, спортскиот директор Леонардо и водството на клубот сакале да се комплетира трансферот за да не се случи тој да замине бесплатно, но дека првиот човек на тимот, Насер Ал-Атијах едноставно не сака да чуе за такво нешто, сметајќи дека ќе се наруши имиџот на тимот со негова продажба.

Реал не се откажува – 200 милиони за Мбапе!

Scroll to Top