Дел од играчите на Реал Мадрид се незадоволни откако клубот реши да му даде повластена улога на капитенот Серхио Рамос и втора година едноподруго да го продолжи годишниот одмор.
Според „Марка“, Реал посебно му дозволиле на 32-годишниот Рамос да добие подолга пауза од фудбалот и покрај тоа што дел од неговите соиграчи од шпанската репрезентација веќе се вратија на работа и тоа предвреме.
Рамос беше еден од шесте фудбалери на Реал Мадрид во шпанската репрезентација во Русија. Начо, Иско, Марко Асенсио и Лукас Васкез се вратиле на работа на 25 и 26 јули, Дани Карвахал пристигнал на 29 јули, додека Рамос пристигна на 1 август, еден ден по поразот од 2:1 во пријателскиот меч во Мајами од Манчестер јунајтед. Иско, Начо и Асенсио одиграа десетина минути против Јунајтед.
Според последните објави на Рамос на Инстаграм, очигледно е дека добро си поминал, пред да ја преземе палката на клубот во ерата без Кристијано Роналдо.