Top Sport

Лудило во Глазгов – Колесников и Пити со рекорди, Сјестрем со две злата (видео)

Европското првенство во пливање во Глазгов изненадува со фантастичните резултати, откако Русинот Климент Колесников и Британецот Адам Пити поставија светски рекорди на патот до титулите, а шведската ѕвезда Сара Сјестрем успеа да освои две злата во две трки.

Пити го собори својот сопствен рекорд на 100 метри градно за да ја одбрани европската титула, завршувајќи со време од 57.00, за 0.13 секунди побрзо од неговото предходно најдобро време, а неговиот сонародник Џејмс Вилби го освои среброто.

Колесников на 50 метри грбно исплива неверојатна трка од 24.00 за да го сруши девет години стариот светски рекорд на Лајам Тенкок. Романецот Роберт-Андреј Глинта освои сребро, а Ирецот Шејн Рајан е бронзен.

Шведската пливачка суперѕвезда, Сара Сјестрем исто така беше блиску до светски рекорд – таа беше под рекордното време во првите 50 метри од трката на 100 метри пеперутка, за на крајот да се задоволи победа од 56.13. Русинката Светлана Чимрова беше далеку на второто место со 57.30.

Еден час подоцна, Сјестрем повторно беше во базенот, овојпат во трката на 50 метри слободно, и успеа за само една стотинка да ја победи Данката Перниле Блуме за второ злато во неверојатната сабота.

ЕП ВО ПЛИВАЊЕ – ГЛАЗГОВ (БРИ)

800 М СЛОБОДНО (Ж)

1.Симона Квадареља (Ита) 8:16.35

2.Ајна Кесељ (Унг) 8:21.91

3.Ана Егорова (Рус) 8:24.61

100 М ГРАДНО (М)

1.Адам Пити (Бри) 57.00 СР

2.Џејмс Вилби (Бри) 58.54

3.Антон Чупков (Рус) 58.96

100 М ПЕПЕРУТКА (Ж)

1.Сара Сјестром (Шве) 56.13

2.Светлана Чимрова (Рус) 57.30

3.Елена ди Лидо (Ита) 57.58

50 М ГРБНО (М)

1.Климент Колесников (Рус) 24.00 СР

2.Роберт-Андреј Глинта (Ром) 24.55

3.Шејн Рајан (Ирс) 24.64

50 М СЛОБОДНО (Ж)

1.Сара Сјестрем (Шве) 23.74

2.Перниле Блуме (Дан) 23.75

3.Раноми Кромовиџоџо (Хол) 24.21

4х200 М СЛОБОДНО (МЕШАНО)

1.Германија (Хајдман, Милајтнер, Фос, Брун) 7:28.43

2.Русија (Верковишчев, Довгаљук, Саламатина, Андреева) 7:29.37

3.Велика Британија (Милн, Меклин, Гринслејд, Андерсон) 7:29.72

What an unbelievable swim from Mr @adam_peaty! ???

Scroll to Top