Top Sport

Само реми во првото баскиско дерби по рестартот (видео)

Реал Сосиедад не успеа да го совлада тимот на Осасуна во првото баскиско дерби во Ла лига по рестартот по паузата поради корона вирусот, одигрувајќи само 1:1 на „Аноета“ пропуштајќи шанса да се одвои четвртото место на табелата.

Гостите први дојдоа во водство во 29. минута од удар од белата точка, кога Адријан беше прецизен, а Сосиедад врати во 61. минута преку Микел Ојарзабал.

Со поенот, Сосиедад останува на четвртото место со 47 поени, три зад Севилја, и само поен пред Хетафе и Атлетико Мадрид најавувајќи интересна борба за пласман во Лигата на шампиони. Осасуна пак, е на 11. место со 35 поени.

Scroll to Top