Top Sport

Роналдињо во Парагвај сакал да го прошири својот нелегален бизнис со коцкарници?

Во време на фудбалска суша поради корона вирусот, фановите се „забавуваа“со приказната околу Роналдињо и неговата затворска казна во Парагвај, за која сега бразилските медиуми тврдат дека ја знаат правата причина: коцкање!

Роналдињо и неговиот брат Роберто пред речиси два месеци беа уапсени при обид да влезат во Парагвај зо лажни парагвајски пасоши, и тие поминаа неколку недели во затворот во Асунсион, пред да ја платат кауцијата од 1.3 милиони евра и да се преселат во луксузен хотел во „домашен притвор“.

Според весникот „Жорнал де Бразилија“, откриена е причината поради која тој патувал со фалсификувани пасоши, односно дека се работи за ширење на бизнисот со организирање на нелегално коцкање. Според документите на весникот, Роналдињо бил сопственик на локал под името „Винпокер“ во Ипанема, Бразил, каде што се оддржувало коцкањето, а таму работеле и членови на неговото семејство.

Коцкањето е забрането во Бразил од 1946 година, кога се затворија сите 70 казина во земјата и затоа се отворија многу нелегални коцкарници, а Роналдињо сакал да го прошири својот бизнис и во Парагвај. Причината поради која тој користел фалсификуван пасош е нејасно, иако тој на сослушувањето изјавил дека се работи за подарок од бразилскиот бизнисмен Вимондес Соуса Лирија, кој исто така е во затвор. Според весникот, под истрага се уште 14 луѓе, бразилски и парагвајски граѓани.

Scroll to Top