Замените на Интер постигнале само еден гол влегувајќи во игра од клупата оваа сезона, со што само СПАЛ имаат полош скор од нив.
Голот беше на Алесандро Бастони, кој го замени Диего Годин во мечот со Лече во јануари и со кој „нераѕурите“ извадија 1:1 реми. Само СПАЛ, со нула голови од клупата се послаби од нив.
Од другата страна, замените на Аталанта успеале да дадат неверојатни 14 голови, пет пред Верона и осум пред Јувентус. Луис Муриел има постигнато половина од головите на Аталанта (7) од клупата, со што е вистинска супер-замена. Зад него е Андреас Корнелиус, кој постигна пет од осумте гола на Парма, како и Фелипе Каиседо, кој има четири од осумте голови на Лацио.