Top Sport

Правилото за карантин може да биде голем проблем за Серија А

Иако распоредот на натпревари е подготвен, исто како и датумот, Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) е загрижена дека Серија А може да не финишира поради упорноста на италијанската влада околу протоколот со карантин на играчи и членови на тимот кои би биле позитивни на КОВИД-19.

Во повеќето земји каде што фудбалот се рестартираше, како во Германија, правилото при позитивен случај е карантин за позитивниот, но продолжување на тренинзите на соиграчите доколку нивниот тест е негативен. Во Италија пак, каде што лигата треба да стартува на 20 јуни, правилото е по позитивен тест сите да бидат во карантин од 14 дена.

„Тоа креира нервоза во сите фубалски клубови. Има јасни правила кои дозволуваат да се продолжи со активноста со изолирање на позитивниот случај како во германската Бундеслига и не знам зошто тоа не може да се примени кај нас“, изјави претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина.

Серија А има план за играње два меча неделно од 20 јуни до 2 август за да се комплетира сезоната, но доколку еден или неколку тимови се во карантин, планот ќе биде неостварлив.

Scroll to Top