Малкумина би се обложиле пред стартот на Мундијалот во Русија дека Германија ќе биде пред елиминација на шампионатот по само меч и половина, но „маншафт“ се наоѓа во незавидна ситуација.
Иако го остави Месут Озил на клупата првпат по 26 натпревари на германската репрезентација, селекцијата на Јоаким Лев по 45 минути на „Фишт“ во Сочи се соочува со испаѓање. По шокантните 1:0 од Мексико, Ола Тоивонен во 32. минута донесе идентична предност за Швеѓаните за очај во Германија. Иронично, Шведска имаше уште две шанси за зголемување на водството.
Остануваат само уште 45 минути да се поправи впечатокот и да се задржат шансите за пласман…