Италијанската Серија А условно го казни клубот Рома со затворање на дел од трибините на стадионот „Олимпико“ на еден меч поради дискриминаторските и расистички повици упатени кон играчите на Милан – Златан Ибрахимовиќ и Френк Кеси на неделното дерби што заврши во корист на „Росонерите“ со 2-1.
Се работи за дел од култниот стадион на кој традиционално се собираат најжестоките фанови на „волчицата“.
Од клубот тврдат дека со години се борат против расизмот и дискриминацијата.
„Во Рома владее нулта толеранција за расизмот и тоа во било кој облик. Правиме се што е во наша моќ да дојдеме до позитивни промени“ соопштија од римскиот клуб.
Тифозите на Рома при погодениот пенал, кон Кеси упатија мајмунски извици, а Ибра го навредуваа поради неговото ромско потекло.