Top Sport

Само Ван Дајк од овој Ливерпул би можел да влезе во тимот на Јунајтед од 1999?

Виргил ван Дајк е единствениот сегашен фудбалер на Ливерпул кој би можел да биде дел од стартните 11 на славната генерација на Манчестер јунајтед од 1999 година, вели поранешниот помошник на Сер Алекс Фергусон, Стив Мекларен, правејќи интересна споредба на два тим кои доминираа во Англија со разлика од 21 година.

28-годишниот капитен на холандската репрезентација, Ван Дајк ја заддржи фантастичната форма од минатата сезона, и ќе го предводи тимот на Јирген Клоп до првата англиска титула по три децении, но тој не е единствениот во топ-форма кај „црвените“ – тука се Мохамед Салах, Џордан Хендерсон, Садио Мане…

Според Мекларен, тој е единствениот кој би влегол во првите 11, бидејќи во тимот на „ѓаволите“ од 1999 беа Дејвид Бекам, Пол Сколс, Рајан Гигс, Рој Кин и Петер Шмајхел.

„Ван Дајк покрај Јап Стам, тоа би била непремостлива пречка. Никој не би можел да помине таму. Но, сериозно, за мене само Ван Дајк би влегол во тој тим. Тој тим на Манчестер јунајтед беше полн со лидери во целиот тим, додека Ливерпул уште го развиваат тоа“, вели Мекларен.

Сепак, мора да се посочи дека таа сезона на Јунајтед во 1999 не беше толку доминантна – тие ја освоија англиската титула во последното коло од шампионатот по битката со Арсенал, додека титулата од ЛШ дојде со два гола во судиското продолжение против Баерн Минхен.

Scroll to Top