Top Sport

Мекларен го покажа прекрасниот МЦЛ35 (видео, галерија)

Мекларен е последниот тим  кој го претстави својот нов Формула 1 болид за сезоната 2020, откако на посебна церемонија во нивниот технолошки центар во Вокинг го открија Мекларен МЦЛ35 болидот со кој Карлос Саинс и Лендо Норис ќе се обидат да ја надградат минатата солидна сезона за поранешните шампиони.

МЦЛ35 ја заддржува комбинацијата на боите на папаја и сина од претходните сезони, иако има голем дел од сино на страните на болидот. Минатата сезона тимот ја имаше својата најдобра сезона во девет години, завршувајќи на четвртото место во генерален пласман веднаш зад големата тројка Мерцедес/Ферари/Ред бул. Саинс беше шести во генерален пласман, зад пет возачи кои победија на трки, а го имаше и првиот подиум од 2014 на Бразилското ГП.

Мекларен МЦЛ35 ќе дебитира на стартот на зимското тестирање во Барселона на 19 февруари.

Scroll to Top