Top Sport

Само во Италија – реми по 120 минути, без пенали, но со победник

Италијанскиот фудбал е посебен на светско ниво по многу работи, но некои од нив едноставно немаат смисла, како што покажа првиот бараж-меч за пласман во Серија А.

Киево и Емполи се судрија во првото четврт-финале за обезбедување бараж и резултатот и исходот беше апсолутно неверојатен. Во регуларните 90 минути немаше голови, откако двата тима утнаа по еден пенал. Во продолженијата Киево дојде во водство во 97. минута, но Емполи израмни во 110. минута за 1:1.

Откако остана овој резултат, немаше победник, но ниту пенал-серија поради правилото во Италија дека ако по 120 минути нема победник, понатаму оди тимот со подобар скор во регуларниот дел од сезоната во Серија Б, односно Киево. Следен противник во полуфиналето на „летечките магариња“ е Специја.

Scroll to Top