Top Sport

Бундеслигата во новата сезона само со домашни навивачи и без ПИВО!

Германските бундеслигаши и Германската фудбалска лига (ДФЛ) поставија сет на правила за враќање на навивачите на трибините во новата сезона во септември, но со одредени стриктни правила, како забрана на гостински навивачи, забрана на стоење на трибините и забрана на точење на пиво на стадионите.

Конечната одлука за враќање на навивачите ќе ги имаат здравствените власти во Германија, откако Бундеслигата беше првата лига која се врати по пандемијата на КОВИД-19 без навивачи на трибините.

Пиењето пиво на трибините во Германија е долгогодишна традиција, но ДФЛ смета дека до 31 октомври да се забрани точењето пиво поради корона вирусот. Гостинските фанови ќе бидат отсутни од трибините барем до крајот на 2020, додека стоечките трибини ќе бидат празни за да може да се почитува социјалното дистанцирање.

Scroll to Top