Сопственикот на кинескиот третолигаш Меиџиан Течанд пребогато ги наградил играчите за историскиот клупски успех, пласман во Втората кинеска лига.
Меиџиан во плејофот обезбеди пласман во повисок ранг, а овој успех неименуван локален милијардер секој играч посебно го наградил со три милиони долари.
Играчите меѓу кои нема ниту еден странец со парите се пофалиле на социјалните мрежи.
Овој клуб е основан пред 14 години, а на почетокот се натпреварувал во лигата на Хонг Конг. Потоа клубот е преселен во градот Меизху во јужниот дел на земјата и своите натпревари ги игра на стадионот чии капацитет е 21.000 седишта.
Наредната година Меиџан ќе се бори за пласман во елитната кинеска дивизија и кој знае со колку пари ќе ги награди сопственикот доколку изборат пласман во Суперлигата на Кина.