Top Sport

„Само Зидан може да се спореди со Пеле“

Играчот на ПСЖ и француската репрезентација, Килијан Мбапе, не штедел комплименти кога говорел за легендата на Франција, Зинедин Зидан.

За Мбапе, Зидан е единствениот фудбалер чија вештина може да се спореди со онаа на Пеле.

„Зидан е единствениот фудбалер што успеал да ме импресионира на начин исто како што тоа го направи Пеле“, рекол младиот напаѓач.

За француските медиуми оваа изјава е сигнал дека Мбапе посакува трансфер во Реал Мадрид. Тие не ја исклучуваат можноста до реализација на трансферот да дојде во летниот преоден рок.

Претходно, шпанските медиуми објавија дека Реал биле подготвени да понудат 280 милиони евра за Мбапе.

Scroll to Top