Top Sport

ПСЖ понудиле многу пари за Крос

Тони Крос бил подготвен да замине од Реал по завршувањето на сезоната. Германскиот репрезентативец игра на „Сантијаго Бернабеу“ од 2014 година, а со клубот три пати ја освои Лигата на шампионите.

Тони Крос, како и повеќето играчи на Реал, зад себе има лоша сезона. Поради тоа тој е еден од оние што ќе заминат во потрага по нов предизвик.

Денес француските медиуми шпекулираат дека ПСЖ биле заинтересирани за неговите услуги и дека биле подготвени да платат 80 милиони евра. Доколку ваква понуда стигне на „Сантијаго Бернабеу“ претседателот Форентино Перез сигурно ќе ја прифати, иако последниот збор ќе го има фудбалерот.

Покрај ПСЖ сериозен интерес за Крос покажуваат двата клуба од Манчестер, Јунајтед и Сити, односно Јувентус.

Scroll to Top