Top Sport

Самп ќе добие пари за Бруно Фернандеш, па ќе плати што должи за Патрик Шик

Сампдорија ќе добие околу 5.5 милиони евра од Спортинг Лисабон по трансферот на Бруно Фернандеш во Манчестер јунајтед, а потоа ќе исплати 2.1 мииони евра кои ги должи на Спарта Прага по продажбата на Патрик Шик, велат италијанските медиуми.

Според весникот „Ил секоло 19“, ова е „подмирување“ на клаузулите за продажба на поранешните договори на клубот од Џенова. Сампдорија уште ги чека парите за продажбата на Фернандеш во Јунајтед, кои платија 63 милиони евра за него во јануари 2020, а Спортинг сега се согласи да ги плати парите во четири рати.

Сампдорија, пак го продадоа Шик на Рома во јули 2018, откако тој помина една сезона на позајмица во Рим, а потоа тој беше продаден во Бундеслигата, каде што играше за РБ Лајпциг и Баер Леверкузен. Сампдорија должела 3.2 милиони евра за трансферот на Шик, но сега се договориле за намалување на сумата на 2.1 милиони евра, плус пријателски меч во Прага.

Scroll to Top