Поранешниот аргентински селектор, Хорхе Сампаоли дебитираше како тренер на Олимпик Марсеј со тешко извојувана 1:0 победа над Рен, само втор триумф за славниот клуб во последните 12 натпревари во француската Лига 1.
Сампаоли го смени Андре Вилаш-Боаш на клупата на клубот од „Велодром“ и дебитираше во дуел со Рен, тим кој сезоната ја почна одлично, но влезе во мечот со четири порази едноподруго. Човек на одлука беше Микаел Кузанс во 88. минута од мечот.
Марсеј се на шестото место во Франција со 42 поени, додека Рен се на 10. место со 38 поени.
Vitória do Marseille no primeiro jogo sob o comando de Jorge Sampaoli. Gol aos 88' construído por jogadores vindos do banco: cruzamento de Luís Henrique, definição de Cuisance.
— Leonardo Bertozzi (@lbertozzi) March 10, 2021