Top Sport

Суарез заработи контроверзен пенал за гол број 500 во кариерата

Атлетико Мадрид се одвои на шест поени од Барселона и осум пред Реал Мадрид на врвот на шпанската Ла лига, откако благодарение на „вечниот“ Луис Суарез стигна до 2:1 победа над Атлетик Билбао на „Ванда Метрополитано“.

„Рохибланкос“ губеа дома, откако Икер Муниаин ги донесе гостите во водство во 21. минута од првото полувреме, пред Маркос Љоренте да израмни во финишот на полувремето. Повторно, клучен за Атлетико беше Суарез, кој во 51. минута се избори за контроверзен пенал, кој потоа го реализираше, за да го постигне својот 500. гол во кариерата.

Со победата, тимот на Диего Симеоне има 62 поени по 26 кола во шпанската Ла лига, за да се одвои на шест пред Барселона (56) и осум пред Реал Мадрид (54). Билбао се на осмото место со 34 поени.

Scroll to Top