Top Sport

Сампаоли може да бира: САД или Мексико

И покрај тоа што имаше катастрофален настап со Аргентина на Светското првенство во Русија, Хорхе Сампаоли е човек кој многумина го бараат, во прв план мексиканската и американската репрезентација.

Поранешниот селектор на Чиле и тренер на Севилја беше отпуштен од Аргентинската фудбалска федерација (АФА) по СП на кое се шпекулираше за бунт во соблекувалната и кое заврши со пораз од Франција во осминафиналето. Сампаоли „траеше“ само 12 месеци на чело на репрезентацијата.

Според порталот „Гол“, 58-годишниот Сампаоли веќе има понуди од репрезентациите на САД, Костарика и Парагвај, но тој би ја преферирал клупата на Мексико, кои се во потрага на селектор по заминувањето на Колумбиецот Хуан Карлос Осорио.

 

Scroll to Top