Top Sport

Чех им се налути на Баер Леверкузен

Петр Чех беше бесен на Баер Леверкузен, откако германскиот клуб преку Твитер на шега посочи дека Бернд Лено може да биде подобар голман за Арсенал.

Чех беше на голот на Арсенал во 0:2 поразот од Манчестер сити и иако имаше неколку добри одбрани, тука беше и лошата интервенција во која тој за малку ќе си постигнеше автогол.

„Ние можеби знаеме еден човек“, напишаа на Твитер профилот на Леверкузен.

Чех го сфати ова доста сериозно.

„Во Арсенал ние делиме важни вредности кои го прават клубот голем и тоа не само на фудбалската страна. Фер натпреварување, професионализам и спортско однесување е најважно за младите фудбалери и тажно е да се види дека другите клубови не ги делат овие вредности“, напиша Чех.

Од Баер Леверкузен веднаш одговорија.

„Здраво Петр. Изгледа дека нашата шега за Лено, нашиот поранешен фудбалер беше сфатена посериозно отколку што беше намерата. Сите сме за вредностите кои ги кажа ти и ти посакуваме тебе и на твојот голем клуб сѐ најдобро. Убава одбрана на ударот на Агуеро“, додадоа Леверкузен.

Scroll to Top