Top Sport

Сампдорија бара „дел од колачот“ од трансферот на Бруно Фернандеш

Сампдорија го пријавила Спортинг Лисабон до ФИФА откако не им биле исплатени 4.6 милиони евра од големиот трансфер на Бруно Фернандеш од португалскиот клуб во Манчестер јунајтед.

Фернандеш помина една сезона во Самп пред да се пресели во Спортинг летото 2017 година, и италијанскиот клуб смета дека Спортинг им должат 4.6 милиони евра кои треба да им ги исплатат во три рати.

Трансферот на Фернандеш чинеше 46.5 милиони евра, но оваа сума може да стигне до 80 милиони евра ако се исполнат низа услови. Спортинг тврдат дека не должат ништо на Сампдорија, бидејќи 26-годишниот португалски репрезентативец потпишал нов договор во 2018, така што стариот не бил валиден.

Спортинг неодамна добија наредба да му платат 3 милиони евра на Синиша Михајловиќ, откако го отпуштија српскиот тренер десетина дена откако го ангажираа поради смена на претседателот на клубот.

Scroll to Top