Надежите на Наполи дека повторно ќе бидат најсериозни конкуренти на Јувентус за титулата во Серија А исчезнаа во Џенова, откако Сампдорија ги победи со високи 3:0 во емотивен меч за домашните навивачи по катастрофата со колапсот на мостот во овој град.
Грегоар Дефрел постигна два гола во првото полувреме, а ветеранот Фабио Кваљарела ја потврди победата во второто полувреме за главоболки на тимот на Карло Анчелоти за кого ова е прв пораз по победите во дерби мечевите со Лацио и Милан.
Горан Пандев пак, покажа дека е мајстор со фудбалската топка откако го постигна вториот гол за Џенова во 70. минута од мечот на гости кај Сасуоло, но ова не беше доволно да се спречи „Грифоне“ да загуби со високи 5:3 на гостувањето.
СЕРИЈА А, 3.КОЛО
Фиорентина – Удинезе 1:0
Аталанта – Каљари 0:1
Киево – Емполи 0:0
Лацио – Фросиноне 1:0
Сампдорија – Наполи 3:0
Сасуоло – Џенова 5:3
САСУОЛО – ЏЕНОВА
САМПДОРИЈА – НАПОЛИ
ЛАЦИО – ФРОСИНОНЕ