Сампдорија потврди дека Роберто Д’Аверса е новиот тренер на тимот со договор до јуни 2023 година, и тој ќе го замени Клаудио Раниери, кому не му беше продолжен договорот на крајот на сезоната.
Самп ја завршија минатата сезона на само 9. место на табелата со 52 поени, што не беше доволно за газдата на тимот, Масимо Фереро.
„Сампдорија го потврдува Роберто Д’Аверса како нов тренер на првиот тим. Д’Аверса потпишува договор до 30 јуни 2023 година и сите во Сампдорија му посакуваме топло добредојде“, се вели во објавата на клубот од Џенова.
? Roberto #DAversa appointed new #Sampdoria coach ?
— Sampdoria English ? (@sampdoria_en) July 4, 2021