Top Sport

Сампдорија одложија пријателски меч за Станковиќ да присуствува на погребот на Михајловиќ

Сампдорија го одложи пријателскиот меч со германскиот Динамо Дрезден за да може нивниот тренер Дејан Станковиќ и неговиот помошник Ненад Сакиќ да присуствуваат на погребот на Синиша Михајловиќ.

Мечот закажан за денеска е одложен за 20 декември, за да може Станковиќ и Сакиќ да одлетаат за Рим, за да присуствуват на погребот на Михајловиќ, со кого Станковиќ играше зааедно во Лацио, Интер и во српската репрезентација. Сакиќ, пак, почна со својата тренерска работа како помошник на Михајловиќ во српската репрезентација и во Милан, по што беше помошник на Станковиќ во Црвена звезда и во Сампдорија.

Scroll to Top